Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Новогодишна картичка „Со љубов за децата кои престојуваат во Детска клиника“

Новогодишна картичка „Со љубов за децата кои престојуваат во Детска клиника“


 

На Клиниката за детски болести беше презентирана првата Новогодишна картичка подготвена од страна на долгогодишните пријатели и соработници на Клиниката за детски болести.

 

Идејата за картичките ја иницираа Издаваштвото Култура и компанијата Секјуриком. Ни се приклучија Фондацијата Златна Рипка, Графотрејд и Копринт. Вредните рачиња на децата од Градинката Детска Радост цртаа на тема Новогодишни празници, а заеднички го одбравме цртежот на малата Нела Трајаноска.

 

- Така настана нашата прва новогодишна картичка. Проект започнат со убава чиста мисла, со хумана идеа, нацртан од деца, наменет за деца. Преку нив не само што ќе им испратите најубави желби на своите пријатели и професионални контакти, туку радоста на новогодишните празници ќе ја проширите и во просториите на нашата Клиника. Во празниците кои се пред нас се дарува љубов. Им благодарам уште еданаш на сите овие прекрасни луѓе кои ја иницираа идеата за првата Новогодишна картичка и кои овозможија таа да биде реализирана - изјави др Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

 

Новогодишната честитка ќе се продава по цена од 100 денари. Може да се најде на сите продажни места на Култура, а ќе биде присутна и на новогодишните базари кои ги организраат нашите соработници и пријатели. Сите средства собрани од продажбата на оваа картичка ќе бидат искористени за купување на потребната опрема за Одделот за интензивна нега на Клиниката, каде секоја година се лекуваат повеќе од 500 деца.

 

- Ние од Фондацијата Златна Рипка сме среќни што сме дел од оваа акција. Во период од една година колку што постоиме успеавме да направиме повеќе дечиња среќни. Исполнивме желби на неколку деца од одделот Онокологија и продолжуваме да работиме во тој правец. Преку Новогодишните честитки и средствата кои ќе се соберат се надевам ќе помогнеме уште повеќе- вели Деспина Козаровска од Златна Рипка.

 

Четиригодишната Нела на својот цртеж нацрта многу елки и подароци за децата кои се лекуваат на клиниката. Вели дека сака Дедо Мраз да и донесе многу играчки, на неа и на сите деца.

 

Во рамките на промоцијата на картичката компанијата “ Секјуриком” подели пакетчиња со книги и боенки до сите деца хоспитализирани на клиниката и донесе лектири за библиотеката на Онколошкиот оддел.

 

Искрено се надеваме дека првата новогодишна картичка ќе ги пренесе желбите за здравје и среќа во Новата година на многу деца во земјава, а воедно ќе помогне да се обноват апаратите на Одделот за интензвина нега и терапија и да се подобрат стандардите за лекување на Клиниката за детски болести.

 


20.11.2015

 

 

 

Air Jordan Release Dates 2020

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree