Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Одбележување на 22-ри април - Светски ден на планетата Земја во ООУ Крсте Мисирков

Одбележување на 22-ри април „Светски ден на планетата Земја“ во ООУ „Крсте Мисирков“


 

По повод 22-ри април „Светски ден на планетата Земја“ во училиштето „Крсте Мисирков“ беа спроведени неколку активности. Учениците од одделенска и предметна настава заедно со учениците-членови на еколошката секција „Еко Ѕвонче“ и нивните родители, во улога на организатори на денешната акција и директни учесници во истата, вредно ги завршија поставените задачи.

 

Учениците беа организирани во тимови во кои секој учесник зема активно учество во реализација на акцијата. Првиот тим од предметна настава изработија дрво од отпадни материјали, закитувајќи го со еко пораки и негово поставување во училишниот хол. Вториот тим од предметна настава декорираа саксии и засадуваа цвеќиња. Третиот тим од предметна настава рециклираа стара гума од автомобил.

 

Еколошката секција подготви презентација која беше претставена пред учениците на кои им поделија и флаери. Во оваа акција не изостанаа и вредните рачиња на учениците од одделенска настава во времето предвидено за креативни активности. Тие заедно со своите родители неуморно твореа, литературни и ликовни творби на тема: 22 - ри април „Светски ден на планетата Земја“. Благодарение на нивната фантазија, креативност и желба да се даде придонес во акцијата, работилницата во која тие твореа се претвори во еден волшебен свет, свет во кој само детската фантазија и креативност може да го изгради.

 


22.04.2015

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree