Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена



 

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Гази Баба , на ден 29.04.2015 година, донесе

 

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

 

  1. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка "Хиподром" до клучка "Сингелиќ", Општина Гази Баба – Скопје – (2015-2025 год) кој го донесува општина Гази Баба, потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  2.  

  3. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка "Хиподром" до клучка "Сингелиќ" , Општина Гази Баба – Скопје се определуваат следните: Локална самоуправа на општина Гази Баба, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, MЕПСО, Македонски телекомуникации, Јавното Комунално Претпријатие „Дрисла“, Гама, Комуналните претпијатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

  4.  

  5. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка "Хиподром" до клучка "Сингелиќ" , Општина Гази Баба – Скопје – (2015-2025 год), за чија изработка е одговорено ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Битола , а го донесува општина Гази Баба, донесувањето на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка "Хиподром" до клучка "Сингелиќ" , Општина Гази Баба – Скопје – (2015-2025 год ) ќе има влијание врз животната средина.

  6.  

  7. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Степен на изграденост на комунална, сообраќајна и енергетска инфраструктура во рамките на планскиот опфат и можност за целосна покриеност на планираните објекти со оваа инфраструктура, потенцијално загадување на воздухот, водата и почвата од сообраќајот, складирање и постапување со горива, потенцијални хаварии од поголем обем, управување со отпад, испуштање на санитарни и атмосферски отпадни води, бучава итн.

  8.  

  9. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

  10.  

  11. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за Животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

Бр. 08-1820/1 од 29.04.2015 година

Место Скопје

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Тони Трајковски

 

 

 

 

 




 

 

Стратешки цели на општина Гази Баба

 

 

Визија на општина Гази Баба е да биде дел од главниот град на РМ со квалитетни урбани услуги и ефикасен урбан менаџмент, конкурентна економија и одржлив економски раст, висок квалитет на живеење и здрава животна средина, атрактивна за бизнис, домување и туристи и развивање на спортот на европско ниво.

Стратешки цели на Стратегијата за локален економски развој на општина Гази Баба се: подобрување и унапредување на условите за живеење во општина Гази Баба, да се прошири и диверзифицира економската база во општина Гази Баба преку зголемување на нивото на инвестиции, да се создаде интегрирана локална заедница, да се привлечат странски инвеститори, да се развие спортската дисциплина на повисоко ниво.

- Да се поттикне локалната заедница да преземе конкретни обврски и грижа за животната средина;

- Да се планира развојот на општината Гази Баба врз основа на реалнирасположиви ресурси, врз принципите на одржливост;

- Во соработка со други институции, од страна на локалната самоуправа да се прават напори за остварување на утврдените приоритети;

- Да се одржува рамнотежа во системот животна средина на локално рамниште;

- Да се подобрат водоснабдителните ситеми во руралните средини на територија на општината, со што би се подигнал квалитетот на живеење на населението, а со тоа и развојот на населените места, би се создале услови и за развој на рурален туризам и генерално подобрување на амбиенталната средина;

- Да се покренуваат конкретни активности на локално ниво, во вид на акции и мерки за подобрување на квалитетот на живеење во Општината, кои ќе обезбедуваат подигање на свеста на населението за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина;

- Поврзување на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво во насока на обезбедување подобри услови за живеење и работа, развивање на спортски активности.

 


15.05.2015

 

 

nike max breathe free ii men shoe blue pink

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree