Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Одржана 33-та седница на Советот на Општина Гази Баба

Одржана 33-та седница на Советот на Општина Гази Баба


 

Советот на општина Гази Баба ја одржа својата 33 седница каде членовите ги усвоија сите точки предложени на дневниот ред. Една од точките на дневниот ред беше и Правилникот за заштита од пожари и експлозии на подрачјето на општина Гази Баба. Со овој Правилник се утврдуваат начинот и мерките на остварувањето на заштита од пожари на подрачјето на општината, како и правата и обврските на вработените во врска со заштита од пожари и експолозии.

 

Заштита од пожари и експолозии ја сочинуваат мерките со кои ќе се остранува, односно намалува опасноста од пожари и експолозии, спречување на настанување, негово ширење и гаснење, како и спасување на луѓе и имот кои можат да бидат загрозени.

 

Одредбите од овој Правилник се однесуваат на сите вработени во општината, лица кои вршат работи за општината по основ на некој друг граѓанско-правен основ, како и лица кои се затекнале во општинските објекти по било кој основ.

 

Со заштита од пожар и експлозии се опфаќа севкупниот имот на општината кои ги сочинуваат: бараки, згради, објекти, спортски сали и друго, парични средства и други движни или недвижни ствари во сопственост на општината. Во спроведувањето на мерките од пожар и експлозии, работницте со посебни права и одговорности, како и одговорните работници за спроведувањето на заштитата од пожар и експлозии, постапуваа согласно законските надлежности и овластувања.

 

Во Правилникот се наведени организационата, функционалната и просторната поставеност на општината, мерките за заштита од пожар и експлозии, начинот на запознавање на вработените во општината со опасностите од пожар и експлозии, начин на обучување на вработените во општината за учество при гасење на пожар, распоредот и времето на испитување на уредите, техничката опрема и средствата за гасење на пожар во општината, и организацијата на противпожарната заштита и внатрешната контрола.

 

На крајот од седницата се одржа точката советнички прашања, каде што советниците поставуваа прашања и за истите се дискутираше.

 


12.06.2015

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree