Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Оглас за доделување 11 стипендии на ученици спортисти од основните училишта на Општина Гази Баба за учебната 2015/16

Оглас за спортисти


 

ОГЛАС

 

За доделување 11 (единаесет) стипендии на ученици спортисти

од основните училишта на општина Гази Баба за учебната 2015/16

 

Ⅰ. Услови за доделување стипендии

 

Право на доделување на стипендија имаат државјани на РМ, кои имаат статус на редовен ученик со следниве услови:

  1. да има постојано место на живеење на територијата на општина Гази Баба, да не прима кредит, стипендија од друг давател;

  2. да е ученик во основно училиште на територијата од општина Гази Баба;

  3. листата на приоритет за кандидатите кои исполнуваат услови ке ги утврди комисија за одбирање на стипендисти, формирана од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.

Ⅱ. Потребни документи

 

Со пријавата за стипендија учениците се должни да ги приложат следните документи:

• заверена копија од место на живеење;

• уверение дека ученикот по прв пат го запишува училиштето во учебната година, како редовен ученик (оригинал или копија);

• заверена копија од ученичка книшка, свидетелство за учебната 2014/2015 година;

• заверена изјава дека кандидатот не прима стипендија или кредит од друг давач;

• да учествувал и да покажал особен успех и интерес на разни манифестации, проекти и други настани од областа на спортот;

• дипломи освоени од натпреварите (оригинал или заверена копија)

 

За сите полнолетни членови на семејството да се достави следното:

• за вработените потврда за приходи (потврда за висината на последната плата, за пензионерите последен чек од пензија);

• за невработените, потврда за невработеност (потврда од Агенција за вработување);

• за невработените кои ги нема во евиденцијата на Агенцијата за вработување, потврда на фондот за ПИОМ дека не е осигуран по ниеден основ;

• право на стипендија можат да оствари само еден член од семејство (ученик);

• во случај на ист број на бодови, предност ке има ученикот кој имал освоено повеке бодови од успехот (просек на оцените).

 

Ⅲ. Висина на стипендијата

  1. Висината на стипендијата е 1.800.00 ден. месечно со пресметан персонален данок, се исплаќа во текот на месецот за претходниот месец, почнувајки од 01.11.2015 год. до 01.07.2016 год.

  2. Доколку ученикот добие право на стипендија по овој конкурс, не може да добие стипендија од други конкурси.

  3. По доделувањето на стипендијата се склучува договор за стипендирање, со кој поблиску се утрдуваат правата и обрските на корисникот и давателот на стипендијата.

Ⅳ. Начин и рок на пријавување

 

Конкурсот трае 10 дена од денот на огласувањето.

Пријавите се поднесуваат во затворен плик со назнака „Пријава на конкурс за стипендија”, „Не отворај” во архивата на општина Гази Баба.

Непотполни и ненавремени пријави поднесени по истекот на огласот, нема да се земаат во предвид.

 

 

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Градоначалник
Тони Трајковски

 

 

 

 


 

 

Off-White Shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree