Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

ООУ „Крум Тошев“ помеѓу најдобрите еколошки училишта во Скопје

ООУ „Крум Тошев“ помеѓу најдобрите еколошки училишта во Скопје


 

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје

 

31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

 

Иницијаторите на овој проект, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред ги доделуваат наградите за најдобрите училишта вклучени во проектот.

 

Оваа година добитници на шестте главни награди се најдобрите училишта на ниво на општина, каде ООУ „Крум Тошев“ е помеѓу најдобрите во градот Скопје. второ и трето-пласираните училишта на ниво на општина се доделија уште вкупно 12 награди.

 

Во учебната 2014/2015, учениците од основните училишта вклучени во проектот собраа 1.500.000 пластични шишиња, односно 37.400 килограми пластична амбалажа, што укажува на тоа дека тие ги разбираат предизвиците на денешното живеење и учат како да предизвикуваат најмало можно влијание врз животната средина и живиот свет.

 


07.10.2015

 

 

 

تخفيضات

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree