Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Основање и прв состанок на бизнис клуб во Гази Баба

 

Општина Гази Баба е во процес на стекнување со сертификат за бизнис пријателска општина преку регионалното сертификационо тело BFC – SEE. Низ тој процес на исполнување на многуте критериуми и подкритериуми, се роди и иницијативата за основање на бизнис клуб, како симбиоза на најуспешните компании од ОГБ од сите дејности.

 

Таа практика веќе многу години е дел од најголемите и помалку големите градови во Европа, како што се Берлин, Прага, Виена, Торино и други, како еден современ и функционален механизам на општините во соочувањето со сите предизвици, како што се:

 

- Предизвици од аспект на развојот на просторот и инфраструктурата,

- Промоција и презентација на локалната економија,

- Привлекување на домашен и странски капитал,

- Подршка во интернационализацијата на локалната економија на странските пазари,

- Пазарот на труд и модалитетите на развој на вештините и способностите на човечкиот капитал,

- Можностите кои ги нудат европските фондови за бизнис секторот,

- Дигитализација на општинските услуги во функција на поголема ефикасност и ефективност на бизнис секторот,

- Деловното окружување и статистичките индикатори на локалната економија,

- Маркетиншко капитализирање на компаниите преку развојот на различни mainstream промотивни настани,

- Регулаторните, даночните и социјални аспекти vis a via деловниот сектор и многу други аспекти од интерес за деловниот сектор.

 

Во контекст на ова, основавме бизнис клуб на ОГБ како советодавно тело на Градоначалникот на општината, со учество на повеќе бренд компании од нашата општина, главно од производствениот сектор.

 

Бизнис клубот очекуваме да биде носител на сите горенаведени аспекти од функционирањето на локалната економија кои преку знаењата и искуствата на компаниите, како и деловната мрежа на партнери и соработници во регионот и пошироко, ќе придонесеме за подинамична, локациски препознатлива и економски просперитетна општина Гази Баба.

 

Средбата ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, кој рече дека бизнис клубот е формиран со цел општината да има поблиска комуникација со бизнис секторот, од каде ќе произлезат поконкретни предлози и идеи за заедничка соработка.

 

На средбата свои обраќања имаа и претставниците од ССК и ЗЕЛС.

 


25.11.2015

 

 

 

Adidas Yeezy shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree