Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Отворена канцеларија за превенција во Стајковци

Отворена канцеларија за превенција во Стајковци


 

Во објектот на месната заедница Стајковци, Општина Гази Баба и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со месните заедници го реализираа Проектот „ Полицијата и граѓаните заедно“.

 

На територијата на општината ова е втора канцеларија, едната е во Маџари, чија цел е полицијата да биде колку што е можно поблиску до граѓаните и заедно да ги решаваат потенцијалните проблеми.

 

На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, командирот на ПС Гази Баба и претставници на Центарот за превенција од СВР Скопје.

 

Преку зголемување на активностите на превентивен план, состојбите на територијата на општина Гази Баба споредено со изминатиот период, значително се подобрени во насока на намалување на вкупниот број кривични дела, на сообраќајни прекршоци и прекршоци по однос на јавниот ред и мир, рече во изјавата за медиуми министерката Гордана Јанкулоска.

 

Градоначалникот Тони Трајковски се заблагодари на службите во МВР за соработката и истакна дека оваа канцеларија ќе можат да ја користат девет села од овој дел на општината, односно околу 18.000 жители, каде ќе можат да се одржуваат и трибини на теми кои ќе ги побараат граѓаните.

 


15.04.2015

 

 

 

Nike React Element 87

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree