Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

По осми пат се одржа Ревијата на народни носии, народни инструменти и песни

По осми пат се одржа „Ревијата на народни носии, народни инструменти и песни“


 

Општина Гази Баба со организацијата на голем број на манифестации, станува препознатлива по негувањето на културата и културните вредности од македонската понова и постара историја. Во манастирскиот комплекс на Црквата Св. Спас во Црешево, по осмипат се одржа манифестацијата „Ревија на народни носии, народни инструменти и песни“, која како единствено културно случување од ваков вид во Република Македонија, излегува од рамките на посетеност само на жителите од општина Гази Баба.

 

Манифестацијата ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, а големиот број на посетители имаа можност да се воодушевуваат од спојот на прекрасниот колорит на македонската народна носија, звуците на народните изворни инструменти, на прекрасните гласови на нашите македонски песнопојци и на орото, она кое како традиција се пренесува од колено на колено од нашите предци на младите генерации, како и на народните умотворби.

 

На сцената продефилираа машки и женски модели кои носеа носии од повеќе краеви на Република Македонија.

 

Оркестар на изворни инструменти, оркестар чалгии, оркестар на староградска музика, , Културно уметничките друштва од Македонска Каменица и Булачани, солистите на изворни инструменти, Бајса Арифовска и Роберт Ангеловски, Аце Трифуновски, групата Соната и легендата на македонската естрада, Нино Величковски, се погрижија публиката да ги слушне старите изворни песни, отсвирени на изворни инструменти и македонски староградски песни, а играорците со нивните изведби да не вратат во минатото, кога орото го отсликувало начинот на живеење, радоста, тагата и маката на македонскиот народ.

 

Доајените на македонското актерство, Ѓокица Лукаровски и Снежана Коневска Руси, изведоа драматизација на умотворби од македонското народно творештво, собрано во делата на Марко Цепенков.

 


26.08.2015

 

 

 

Nike Air Max

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree