Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Почеток на изградба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје - Петровец (Хиподром - Инџиково)

Почеток на изградба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје - Петровец (Хиподром - Инџиково)


 

Градот Скопје во соработка со општина Гази Баба ги започнаа градежните работи за изградба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје – Петровец, кој ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково.

 

Почетокот на градежните работи официјално ги означија градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски.

 

Целта на овој проект е да се овозможи непречено и безбедно движење на пешаците, велосипедисти и лица со посебни потреби, од двете населби преку автопатот.

 

Натпатникот ќе биде долг 63 метри, а широк 5,4 метри. Површината за движење ќе биде широка 3,1 метар.

 

По должината на натпатникот ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. На двете страни од оградата ќе бидат поставени две електронски информативни табли кои ќе овозможат емитување информации во боја, свртени кон коловозот.

 

Новиот натпатник што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите.

 

За изградба на новиот натпатник меѓу населбите Хиподром и Инџиково Градот Скопје ќе потроши околу 38 милиони денари, а на терен ќе работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“.

Изградбата на натпатникот треба да заврши за околу 9 месеци.

 


18.03.2015

 

 

 

true fall red dunks nike boots for women on sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree