Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Почеток на реконструкција на улица Маџари во Ченто

Почеток на реконструкција на улица Маџари во Ченто


 

Денес ( 18.06.2015) во присуство на Претседателот на Владата Никола Груевски, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, се означи почетокот на проектот за проширување и реконструкција на улицата Маџари , 1 фаза, започнувајќи од крстосницата со улицата Јужноморавски бригади до улицата Палмиро Тољати, во должина од 666 метри.

 

Со ова проширување улицата ке биде пофункционална и нема да се прави голем сообраќаен метеж. Улицата ќе има 4 сообраќајни ленти со ширина од 3,25 метри, по 2 ленти во секоја насока и нови тротоари со бекатон плочки.

 

Исто така од левата страна на улицата Маџари ќе се направи велосипедска патека со ширина од 3 метри и пешачка патека која ќе биде со ширина од 2 метри. Воедно ќе се постави и ново улично осветлување.

 

Градежните работи ќе се искористат и за поставување на атмосферска канализација со што ќе се реши долгогодишниот проблем со надојдената вода и да ќе се спречи појава на поплави. Во должина од 929 метри ќе се постават полипропиленски цевки со профил од 200, 800 и 1000 милиметри.

 

Градот Скопје за овој обемен проект ќе вложи околу 52 милиони денари.

 

Изведувач на градежните работи е фирмата Бауер.

 

Пред присутните свои обраќања имаа Претседателот на Владата, градоначалникот на град Скопје и градоначалникот на Гази Баба.

 


18.06.2015

 

 

 

NIKE AIR MAX

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree