Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Посета на Аикидо-мајстор и тренер Љубиша Петровски и поетесата Даница Петровска во Дневниот центар за стари лица

Посета на Аикидо-мајстор и тренер Љубиша Петровски и поетесата Даница Петровска во Дневниот центар за стари лица


 

Во „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ во н. Маџари, беше организирана средба со спортскиот педагог и аикидо мајстор Љубиша Петровски и неговата поубава половина поетесата Даница Петровска. Целата замисла од страна на социјалниот работник беше да се даде еден приказ на менталното и физичкото, односно како се надополнуваат различните а сепак во една точка истите интереси. Паралелата беше во старата традиционална функција на бракот и новиот современ начин на живеење. Канализирањето на енергиите, ставовите, сочувувањето на својот идентитет.

 

Љубиша многу сеопфатно ни ја долови смислата на оваа вештина, а Даница не освежи со својата лирична поезија. Со оглед на тоа што станува збор за различни генерациски сваќања, гостите беа широкоградо прифатени и старите лица покажаа голем интерес. Средбата беше на обострано задоволство и ги исполни очекувањата на двете страни. Имаше спонтана комуникација и барања за лична презентација на аикидо вештината. Посетеноста беше на завидно ниво, а поетесата ни подари две свои книги кои се нашите првенци за библиотечниот фонд.

 


06.02.2015

 

 

 

Men Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree