Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Проект „Градиме заедничка историја“

Проект „Градиме заедничка историја“


 

ООУ „Крсте Мисирков“, на македонски наставен јазик, и ООУ „25 Мај“, на албански наставен јазик, имаат долгогодишна соработка и спроведуваат заеднички активности кои ја подобруваат меѓуетничката интеграција. Училиштата се фокусирани кон интеркултурна и интеретничка соработка и имаат планирано низа на активности насочени кон подигањето на свеста на учениците и нивно охрабрување во истата насока. Од досегашната комуникација меѓу учениците, наставниците и родителите, произлезе и идејата да се направи проект насловен „Градиме заедничка историја“, кој подразбира посета на музеи и институции кои се занимаваат со презентација на историските и културните придобивки на двата народи.

 

Со оглед на важноста на демократската партиципација на учениците, во Проектот се вклучени ученици од ученичките тела од двете училишта (Училишната заедница), од каде што и е произлезена идејата.

 

Во планираниот сет на активности се вклучени следните активности:

1. Работилници за мултикултурно учење и меѓуетничка соработка за учење на двете училишта;

2. Заедничка посета на Музејот на Македонската борба и Музејот на Старата скопска чаршија;

3. Заедничка посета на Музејот на албанската азбука - Битола;

4. Организирање на follow up - продолжување на овие активности во секое училиште посебно и промоција на проектот во Општината.

 

Фондот „Градиме мостови“, како заеднички проект на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја поддржува нашата соработка со материјали за работилниците, превоз за учениците и опрема за изработка на електронски сведоштва. За време на реализацијата на четвртата заедничка работилница, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, подарија Лап Топ и ЛЦД, а директорите на двете училишта и градоначалникот на општина Гази Баба потпишаа меморандум за соработка.

 

По реализацијата на работилниците, Проектот продолжува надвор од училиште, во посета на музеите кои сведочат за заедничкото минато, а потоа и кон изготвување на промотивен материјал.

 


21.04.2015

 

 

 

Nike Air Max 200

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree