Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 Прогласени победниците во училишните спортски лиги

Прогласени победниците во училишните спортски лиги


 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници од општината, директори на основни училишта, истакнати спортски работници и родители, присуствуваа на заокружувањето на спортските активности во спортската сала Методија Андонов Ченто во н.Маџари, во рамките на училишните спортски лиги, организирани од општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, подржани од општина Гази Баба.

 

Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата да бидат спортисти и уште поуспешни.

 

Познати и признати личности во областа на спортот беа дел од овој настан, кои ги доделија пехарите на најдобрите и дипломи на сите учесници.

 

Претседателот на општинскиот фудбалски сојуз, Светозар Станковски ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во футсал - машки:

 

I место - ООУ „25 Мај“

II место - ООУ „Григор Прличев“

III место - ООУ „Наум Наумовски - Борче“

 

Репрезентативецот на Македонија во фудбал и играч на ФК Вардар, Влатко Гроздановски ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во футсал женски:

 

I место - ООУ „Вера Јоциќ“

II место - ООУ „Стив Наумов“

III место - ООУ „Крум Тошев“

 

Претседателот на КК Феникс, Денис Дервишевиќ ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во кошарка - машки:

 

I место - ООУ „Стив Наумов“

II место - ООУ „Крсте Мисирков“

III место - ООУ „Григор Прличев“

 

Членот во извршниот одбор на општинскиот Сојуз на училишен спорт на Гази Баба, Александар Домлевски ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во кошарка - женски:

 

I место - ООУ „Вера Јоциќ“

II место - ООУ „Дане Крапчев“

III место - ООУ „Наум Наумовски - Борче“

 

Претседател на одбојкарскиот клуб „Јанта Волеј“, Горан Јаневиќ ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во одбојка - женски:

 

I место - ООУ „Кирил и Методиј“

II место - ООУ „Наум Наумовски - Борче“

III место - ООУ „Крсте Мисирков“

 

Репрезентативецот на македонија во ракомет и играч на РК Вардар, Столе Стоилов да ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи во ракомет - женски:

 

I место - ООУ „Стив Наумов“

II место - ООУ „Вера Јоциќ“

III место - ООУ „Његош“

 

Ракометниот голман на РК Вардар, Стахиња Милиќ ги додели пехарите и дипломите на првите три екипи кои настапија во спортските игри „игри без граници“:

 

I место - ООУ „25 Мај“

II место - ООУ „Крсте Мисирков“

III место - ООУ „Кирил и Методиј I“

 

Претседателот на општинскиот Сојуз на училишен спорт на Гази Баба, Дејан Боневски ги додели медалите и дипломите на најдобрите пинпонгари и пинпонгарки:

 

Најдобри пинпонгари:

I место - Мартин Анчевски - ООУ „Крсте Мисирков“

II место - Филип Митровски - ООУ „Кирил и Методиј I“

III место - Мартин Котевски - ООУ „Григор Прличев“

 

Најдобри пинпонгарки:

I место - Бојана Михајловска - ООУ „Вера Јоциќ“

II место - Ана Марија Димитрова - ООУ „Григор Прличев“

III место - Суада Имери - ООУ „Кирил и Методиј II“

 

Градоначалникот Тони Трајковски ги подели медалите и дипломите на најдобрите играчи во спортските дисциплини:

 

Најдобар играч во футсал - машки:

Јасир Мемети - ООУ „25 Мај“

 

Најдобар стрелец во лигата футсал - машки:

Јетон Исени - ООУ „25 Мај“

 

Најдобар голман во лигата футсал - машки:

Едон Арифи - ООУ „25 Мај“

 

Најдобар играч во кошарка - машки:

Баже Димитриев - ООУ „Стив Наумов“

 

Најдобар стрелец во лигата кошарка - машки:

Мартин Котевски - ООУ „Григор Прличев“

 

Најдобар играч во футсал - женски:

Викторија Сандева - ООУ „Вера Јоциќ“

 

Најдобар играч во кошарка - женски:

Ѓуља Муковиќ - ООУ „Вера Јоциќ“

 

Најдобар играч во ракомет - женски:

Марија Тасевска ООУ „Стив Наумов“

 

Најдобар играч во одбојка - женски:

Ана Цветковска - ООУ „Кирил и Методиј“

 

 


28.05.2015

 

 

 

nike headquarters Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree