Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Промоција на велосипедска патека во Гази Баба

Промоција на велосипедска патека во Гази Баба


 

Градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски, , направија промоција на велосопедската патека долж булеварот Александар Македонски на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба.

 

Покрај велосипедската патека реконструирана е и пешачката патека и согласно сообраќајниот проект има поставено хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

Од патеките отстрнети се сите нерамнини, со што се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите. За реализација на овој проект потрошени се 11.000.000,00 денари од буџетот на град Скопје, а градежните работи ги изведуваше ЈП Улици и патишта.

 

Ова е рута 1, а до крајот на 2017 година се планира да се направат 4 рути во градот Скопје и споредни конектори кои ќе ги спојуваат рутите.

 

Должината на сите рути ќе изнесува околу 60 км, а вкупната инвестиција ќе биде околу 60 мил. денари. Целта на овој проект е да се подигне свеста на граѓаните за користење на велосипедите, со што се допринесува за почиста животна средина, рече градоначалникот Трајановски.

 

Од граѓаните од општина Гази Баба има позитивни реакции со изградбата на овие патеки, се зголеми бројот на граѓаните кои возат велосипеди, а најмладите жители патеката ја користат за возење на ролерки.

 

Барања за велосипедски патеки има и од другите населени места од општината и со градоначалникот на град Скопје ќе се разгледа можноста за продолжување на истите. Општината во овој Проект учествуваше со расчистување на просторот, каде што имаше поставено времени објекти, истакна градоначалникот Трајковски.

 

На настанот присуствуваа и пратеникот во Собрание на РМ, Олга Најденовска, директорите на ЈП Улици и патишта и Градски паркинг, членови во Советот на општината и граѓани од општината, кои со возење на велосипед од спортската сала во Автокоманда до бараките на општината и официјално ја пуштија во употреба велосипедската патека.

 


17.06.2015

 

 

 

nike fashion

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree