Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Проверка на стажот на осигурување

Проверка на стажот на осигурување


 

Проектот под наслов „ДЕН ЗА ВАС“ е посветена на реформите на пензискиот систем и се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

 

Во просториите на едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, беше поставен пункт на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде секој заинтересиран можеше да го провери стажот на осигурување, платите и другите податоци.

 

Голем број на граѓани дојдоа и си направија проверка на целокупниот работен стаж и беа задоволни со ваквиот начин на работа, бидејќи комуникацијата со оваа служба е полесна и побрза.

 

 

Градоначалникот и вработените во општинската администрација исто така имаа можност да си го проверат стажот на осигурувањето.

 

Градоначалникот Тони Трајковски ги повика граѓаните во текот на своето работење повеќе пати да си го проверат стажот, за да немаат проблеми во прибирање на податоци кога ќе дојде време за нивно пензионирање.

Во посета на општината беа и пом. Дир. на ПИОМ Трајко Премчевски и раководителот на филијала Скопје, Дејан Ѓорѓески, кои беа задоволни од соработката со општина Гази Баба и заинтересираноста на граѓаните за ваков вид на комуникација.

 

Во периодот од 11:00 до 14:00 ч. колку што беше отворен пунктот, информации за својот стаж побараа околу 200 граѓани.

 


13.05.2015

 

 

 

Nike Air Force 1 07 White Bicycle Yellow White AH0287-106 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree