Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Пуштање во употреба на нов тренинг камп на ФК Вардар

Пуштање во употреба на нов тренинг камп на ФК Вардар


 

Претседателот на Владата - Никола Груевски, градоначалникот на општина Гази Баба - Тони Трајковски, градоначалникот на град Скопје - Коце Трајановски и инвеститорот Сергеј Самсоненко го пуштија во употреба новиот тренинг камп на ФК Вардар во Хиподром.

 

Овој проект е реализиран по принципот на ЈПП.

 

Со поддршка на Владата на РМ, општина Гази Баба објави јавен повик за реализирање на проект - Изградба на фудбалски тренинг камп по принципот на ЈПП, односно од страна на општина Гази Баба беше понудено земјиште и ослободување на надоместокот за уревуање на градежното земјиште за општина Гази Баба и градот Скопје, а приватниот партнер инвестираше во изградбата на спортскиот центар.

 

По завршувањето на постапката општината потпиша договор со Групацијата Вардар, каде што инвестицијата изнесува околу 4 милиони евра, односно сопственик на изградениот спортски комплекс е општина Гази Баба, а партнерот Групацијата Вардар ќе има право да го користи следните 35 години.

 

Овој проект е планиран да се гради во две фази:

 

- Во првата фаза изградени се две фудбалски игралишта, комплетно со дренажен систем, истите се одветлени и изградена е зграда со апартманско сместување со целата поребна содржина за престој и тренинг на спортистите со вкупна инвестиција од 3.400.000 евра, која денес е пуштена во употреба.

 

- Во втората фаза, која ќе чини 600.000 евра, се планира изградба на мултифункционален објект.

 

Овој спортски комплекс општината ќе може да го користи за одржување на спортски настани, а нашите ученици ќе можат да ги користат терените и да почувствуваат што значат професионални услови за одвивање на еден тренажен процес.

 

Со изградбата на вакви спортски капацитети повеќе ќе ги мотивираме нашите најмлади да се занимаваат со спорт, да тренираат и еден да да бидат наши спортски амбасадори.

 


21.11.2015

 

 

 

Adidas Yeezy shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree