Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Пуштена во употреба новата зграда на ОУ Григор Прличев

Пуштена во употреба новата зграда на ОУ Григор Прличев


 

Во н. Железара денес (27.05.2015 год.) претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот Тони Трајковски свечено ја пуштија во употреба новата зграда на основното училиште „Григор Прличев“.

 

Училиштето е со капацитет за 500 ученици со површина од 2.000 м2. Изградено е по стандардите за енергетска ефикасност со двојна изолација и со користење на сите најсовремени градежни материјали. Исто така, ова училиште ги задоволува стандардите за користење на деца со посебни потреби за чии потреби имаме поставено рампи и внатрешен лифт.

 

Во рамките на овој проект се направи и партерно уредување на училишниот двор, асфалтирање на пристапната улица како и поставување на нова комунална инфраструктура.

 

Вкупната инвестиција изнесува 72.445.000 денари.Работите ги изведуваше фирмата Жикол, кои максимално професионално и во рамките на предвидениот рок за изградба успеаа да го изградат училиштето.

 

До крајот на летниот распуст се планира да се набави нова опрема за училниците и лабораториите, како и да се постави нова ограда.

 

До сега, учениците наставата ја следеа во бараки кои беа поставени во далечната 1965 година. Денеска учениците го добија тоа што за жал генерации од минатото го немале, да учат во модерно, современо и по сите стандарди изградено училиште.

 

Во реализација на проектов помогнаа Владата на РМ и Премиерот Никола груевски, вицепремиерот Зоран Ставревски и претходната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, кои од самиот почеток дадоа поддршка за опточнување на изградбата.

 

Исто така Министерството за образование и наука учествуваа со изработка на проектната документација, како и директорката и вработените во училиштето кои се залагаа учениците и во текот на изградбата на новото училиште успешно да ја реализираат училишната програма.

 

Присутните ги поздравија директорката на училиштето, Сузана Танева, градоначалникот Тони Трајковски и претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски.

 

„Слободно можам да напоменам дека во периодов од кога сум градоначалник се реализираа многу проекти со кои се подобрија условите за живот на нашите сограѓани. Но сепак посебно задоволство и чест е да си присутен на настан на пуштање во употреба на ново основно училиште, затоа што знам дека со вакви проекти учествуваме во градењето на нашата иднина. Учествуваме во надградбата на нашето најголемо богатство, а тоа се децата и нивното знаење. Ова основно училиште во континуитет е расадник на квалитетни кадри кои давале свој придонес во развојот на општината, градот Скопје, државата, а дел од нив и надвор од неа. Затоа голема заслуга има и наставниот кадар, кои макотрпно работат на пренесување на знаењето, а посебно на следење на новите трендови од сферата на образованието и науката“ – рече во својот говор градоначалникот Трајковски.

 


21.05.2015

 

 

 

Girls Nike Air Force 1 Shadow White Sail Stone Atomic Pink CZ8107-100 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree