Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Работилници за Велигденскиот хепенинг во Дневниот центар за стари лица

Работилници за Велигденскиот хепенинг во Дневниот центар за стари лица 


 

Во „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ - Маџари, оваа недела беа одржани активности по повод Велигденскиот хепенинг. Овa е соработка на дневниот центар и децата од основните училишта ОУ „Дане Крапчев“ и ОУ „Крсте Мисирков“ со цел да се воспостави добра меѓугенерациска солидарност и да се помогне на старо лице кое се наоѓа во социјален ризик. Со таа идеја се организираа работилници за изработка на креативни рачно изработени експонати во соработка со корисничките на дневниот центар, социјалниот работник и децата кои се вклучени во настанот. Се одржа и предавање на кое се прикажаа целта и очекувањата од истиот.

 

Ова е хуманитарен хепенинг кој ке биде отворен за целата јавност и од кој собраните средства ке бидат наменети за олеснување на животот на една повозрасна жена, на која навистина и е потребна помош од ваков карактер. Социјалниот работник одреди по тој повод да има натпреварување во три категории:

 

- Најкреативна рачна изработка

- Најубава Велигденска погача

- Најдекоративно Велигденско јајце

 

Се што ке биде изработено во овие категории ке се стави на хуманитарна продажба. Што се однесува до натпреварот се формира тричлена комисија која ке додели дипломи за најдобрите. Во склоп на Велигденскиот хепенинг ке се организира изложба на слики и фолклорни народни изработки (кукли во носии) кои се своерачно изготвени од две кориснички на Центарот.

 

Се надеваме на добра посетеност на овој хуманитарен настан.

 


31.03.2015

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree