Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Работна посета во Општина Гази Баба

Работна посета во Општина Гази Баба


 

Денес се одржа работна посета во општина Гази Баба на која присуствуваа градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Гази Баба, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и претставници од сите урбани и од месни заедници од Општина Гази Баба.

 

Градоначалникот Тони Трајковски ја истакна важноста од овие средби кои се исклучително позитивни и резултираат во насока на подобрување на теренската работа на јавните претпријатија, како и за зголемување на координираноста на општинската и на градската администрација.

 

Месните и урбаните заедници имаа можност да разговараат со претставниците на градските служби и со јавните претпријатија за проблемите со коишто се соочуваат граѓаните на општина Гази Баба и градот Скопје, да понудат предлози и идеи за надминување на истите, но и преку предлози да влијаат на подобрување на работата во јавните претпријатија.

 

Вакви средби се вообичаени за втората половина од годината, и имаат за цел и да ги информираат претставниците на урбаните и на месните заедници за проектите на општина Гази Баба кои се планнирани во буџетот на Град Скопје за наредната година.

 

Пред почетокот на средбата градоначалникот Трајковски и градоначалникот Трајановски беа на терен каде се одвиваше акција за расчистување со јавните комунални претпријатија и каде беше најавено уредување на просторот во општината во соработка со Градот Скопје и јавните претпријатија.

 


09.11.2015

 

 

 

true fall red dunks nike boots for women on sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree