Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Работна средба на градоначалникот со Амбасадорот на НР Кина

Работна средба на градоначалникот со Амбасадорот на НР Кина


 

Градоначалникот Тони Трајковски оствари работна средба со Амбасадорот на НР Кина во Република Македонија Н.Е. Вен Зеншун. На средбата присуствуваа и претставници од општинската администрација и членови од кабинетот на Амбасадорот.

 

На почетокот на средбата градоначалникот ги запозна гостите со профилот на општината, со индустриските капацитети сместени на наша територија, културното наследство и со развојните можности на општината.

 

Амбасадорот изрази благодарност за поканата, за убавиот впечаток кој му го оставил македонскиот народ во овие девет месеци откако е на оваа должност и за активностите кои владите на НР Кина и Република Македонија ги превземаат, на големо задоволство на двете држави.

 

На средбата се разговараше за вложувањето на општина Гази Баба во подобрување на условите за учење во основното образование со реконструкција на училиштата и за потребата од изградба на ново основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, за кое Амбасадата на НР Кина е запознаено и во неколку наврати беше посетено од нивни претставници

 

Амбасадорот ја изрази својата желба за поддршка и реализација на овој проект, кој ќе следи по консултација со Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Македонија.

 

Од средбата произлезе и можност за збратимување на општина Гази Баба со општина од НР Кина и интензивирање на соработката помеѓу бизнис заедницата, на полето на културата и на реализирање на проекти од заеднички интереси.

 

Општина Гази Баба ќе подготви презентација на можности за привлекување на странски инвестиции, која преку Амбасадата ќе биде достапна до сите заинетересирани.

 

На крајот од средбата градоначалникот го покани Амбасадорот заедно да ги посетат карактеристичните подрачја и културно историските места во општината.

 


25.02.2015

 

 

 

Gifts for Runners

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree