Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Реконструкција на кров на објектот Сончоглед

Реконструкција на кров на објектот Сончоглед


 

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на почетокот на градежните работи – реконструкција на кровната конструкција на објектот „Сончоглед“ во Автокоманда, кој е во состав на детската градинка „Детска радост“.

 

Ова е трета фаза од реконструкцијата на овој објект, каде во изминатиот период се работеше на санација на фасадата, прозорците и внатрешнот дел на објектот.

 

Површината на кровната конструкција која ќе се работи, изнесува околу 1200 m2, а вкупната инвестиција е околу 2,5 милиони денари.

 

Градоначалникот Трајковски упати голема благодарност до компанијата Арчелор Митал, кои го донираа лимот за покривот и со тоа покажуваат дека се општествено одговотна компанија, која учествува во активностите на општината.

 

Во зависност од временските услови, замената на кровот се очекува да заврши за околу еден месец. Со завршувањето на третата фаза од реконструкцијата на објектот „Сончоглед“, ќе се добијат подобри услови за згрижување на децата и енергетски ефикасен објект.

 

Работите ги изведува фирмата „Ингрес“ од Скопје.

 


09.07.2015

 

 

 

Air Jordan 1 GS

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree