Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Реконструкција на пензионерскиот дом во Автокоманда

Реконструкција на пензионерскиот дом во Автокоманда


 

Денес (27.08.2015) градоначалникот Тони Трајковски во присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување Амет Даути, претседателот на Советот на општина Гази Баба, Милан Андоновски и претседателот на Сојуз на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски, го посетија пензионерскиот дом во Автокоманда, каде е во тек реконструкција на станбените единици.

 

Градоначалникот Трајковски ја нагласи одличната соработка со Сојузот на здружението на пензионери од општината Гази Баба и подготвеноста за реализација на барањата на пензионерите, кои се во доменот на општината. Досега општината помагаше со поставување на нова урбана опрема, уредување на просторот околу Домот и санација на неколку простории во Домот, со што соработката ќе продолжи и во иднина.

 

Градоначалникот најави и усвојување на планска документација, каде се предвидени неколку парцели со намена за домови за сместување на стари лица.

 

Инвестицијата за реконструкција на пензионерскиот Дом во Автокоманда досега изнесува 3 милиони денари, за промена на подовите во 44 станбени единици, замена на старите прозорци, молерисување и уредување на заедничките простории.

 


27.08.2015

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree