Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Решавање на проблеми со атмосферските води во Гази Баба

Решавање на проблеми со атмосферските води во Гази Баба


 

Градоначалникот Тони Трајковски денес (31.01.2015 г.) одржа прес конференција на тема: Решавање на проблеми со атмосферските води во Гази Баба.

 

Тој истакна дека во н. Триангла ќе се отпочне со изградба на втората фаза од атмосферската канализација за ова населено место, која е во должина од 850 м. Вредност на инвестицијата е 6.000.000,00 ден.

 

Во насока на решавање на проблемот со атмосферските води, е и уредувањето и чистењето на каналската мрежа, Оваа активност континуирано ја прави општина Гази Баба во соработка со ЈП „Водостопанство Скопско Поле“.

 

Како и изминатите години, така и оваа, општината ја превзема обврската за субвенционирање на граѓаните за надоместокот за одводнување за земјоделска површина од 2175 ха, во износ од 3.882.672,00 ден.

 

Минатата година ЈП Водостопанство Скопско Поле исчисти каналска мрежа во должина од 19 км, а и за оваа година планирано е да бидат исчистени 19 км.

 

Во моментот се работи на реконструкција на пропустите на одводните канали, со што ќе се овозможи зголемување на нивната пропусна моќ. Овие активности се прават во населените места Инџиково, Трубарево, Јурумлери, Колонија и Идризиво, а вкупната инвестиција изнесува 1.500.000,00 ден.

 


31.01.2015

Off-White Shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree