Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Се одржа литературната манифестација „Есен во Гази Баба“

Се одржа литературната манифестација „Есен во Гази Баба“


 

Во пресрет на Денот на општина Гази Баба 3-ти ноември во основното училиште „Григор Прличев“ за прв пат се одржа литературната манифестација „Есен во Гази Баба“, која беше организирана од училиштето, Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија и со поддршка од општина Гази Баба.

 

За манифестацијата имаше објавено литературен конкурс „Есеј за есен“, каде учествуваа ученици од сите основни училишта. На денешниот настан се прогласија петте најдобри ученици, кои од Сојузот за грижа и воспитување на децата беа наградени со летување во детско одмаралиште во Охрид. По прогласувањето на наградените ученици, познати писатели за деца и млади имаа свое обраќање пред присутните гости.

 

На настанот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски, кој ја отвори манифестацијата и заедно со директорката на основното училиште Григор Прличев, Сузана Танева и претставникот од Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија, Горјан Петрески, засадија 7 дрвца во поетската шума „Сердарот“, во дворот на основото училиште.

 

Оваа манифестација ќе стане традиционална , со порака да се негува македонскиот литературен збор и да се инспирираат учениците повеќе да творат и да ја развиваат својата мисла.

 

По завршувањето на настанот, сите учесници се упатија во Парк шумата Гази Баба, каде направија прошетка и се запознаа со убавините на овој дел од општина Гази Баба.

 


30.10.2015

 

 

Girls Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree