Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Се одржа Пифтијада 2015 во Гази Баба

Пифтијада 2015


 

Општина Гази Баба по седми пат ја организираше Манифестацијата Пивтијада, по повод верскиот празник Водици.

 

На преполнетиот плоштад во Автокоманда, жените од урбаните и месните заедници, организацијата на жени од Здружението на пензионери и ресторанот Дојрана, кои се наоѓаат на територија на општината, ги продаваа своите пивтии, а собраните средства се наменети за Детската клиника во Скопје.

 

Градоначалникот Тони Трајковски го отвори овој настан со обраќање пред присутните, а меѓу гостите беше и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, кој исто така ги поздрави посетителите.

 

Манифестацијата имаше и натпреварувачки дел, каде најубаво декорираните пивтии беа наградени, и тоа:

 

- во категорија на аматери – Надежда Киркова, Дијана Ангеловска и Ана Ѓоргиевска.

- во категорија на професионалци ресторанот Дојрана.

 

За доброто расположение на присутните гости се погрижија: Душко Ѓорѓиевски, Валентина Димитриевска, Марјан Стојановски, Влатко Миладиновски и Боби Амадеус.

 

Манифестацијата ја помогнаа фирмата Алкалоид, која донираше чаеви за посетителите и ресторанот Дојрана, кои даде свој придонес со подготовка на пивтии.

 


19.01.2015

 

 

 

Nike News

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree