Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Следење и почитување на Законот за домување

Следење и почитување на Законот за домување


 

За поуспешно следење и почитување на Законот за домување и прописите донесени врз основа на тој закон, општина Гази Баба има вработено инспектор за домување.

 

Инспекторот има право да врши надзор над станбени, станбено-деловни и деловно–станбените згради, односно да внимава дали управувањето со истите се врши согласно одредбите од Законот за домување и прописите донесени врз основа на тој закон, дали се почитуваат пропишаните норми и стандарди за домување и дали се утврдени закупничките односи, согласно со овој закон.

 

Според Законот, работите на управувањето со станбените згради, односно следењето и спроведувањето на одлуките донесени од собирот на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, може да ги врши управител или заедница на сопственици.

 

Доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици, управителот ќе го определува судот за вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебните делови.

 

Општина Гази Баба за своето подрачје востанови и води регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради.

 

Податоците кои се потребни за водење на регистарот на станбени згради на барање на инспекторот за домување ги доставува управителот, заедницата на сопственици или сопствениците на посебни делови.

 

Сите утврдени неправилности и прекршувања на прописите на Законот за домување ќе бидат соодветно санкционирани согласно овој Закон.

 


20.07.2015

 

 

 

Mens Running Trainers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree