Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Состанок со Кризниот штаб на Гази Баба

Состанок со Кризниот штаб на Гази Баба


 

Градоначалникот Тони Трајковски и денес (31.01.2015 г.) одржа состанок со Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Гази Баба, на кој се разговараше за превземените активности изминатиот ден, по невремето кое ја зафати Република Македонија и активностите кои се превземаат во текот на денешниот ден, во очекување невремето да продолжи и вечерва. Од состанокот произлегоа следните задолженија:

 

- На критичните места да има поставено луѓе, кои се опремени со заштитна опрема (чизми и кабаници) и соодветни алати, кои постојано ќе дежураат и кои ќе работат на расчистување на шахтите.

- На терен се вклучени 40 луѓе од ЈКП Гази Баба, секретарите на урбаните и месните заедници и луѓе од ЈП Водостопанство Скопско Поле.

- Општината обезбеди 500 вреќи со песок, а доколку има потреба, договорено е на повик и ангажирање на механизација.

- Во текот на денешниот ден со пумпи ќе се празни каналот во Идризово, за да може да се ослободи простор за акомулирање на нова вода.

- На терен се прави увид околу расчистувањето на можни паднати гранки и запушени шахти, од вчерашните врнежи и ветрот кој дуваше

Кризниот штаб на општината е во постојана координација со кризниот штаб на град Скопје, Центарот за управување со кризи и Центарот за заштита и спасување, за евентуални заеднички активности.

 


31.01.2015

FASHION NEWS

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree