Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Средба со фудбалерите на ОФС Гази Баба

Средба со фудбалерите на ОФС Гази Баба


 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, оствари средба со фудбалерите на ОФС Гази Баба, кои учествуваа на Фер Плеј Куп 2015, кој се одржа од 21-23.08.2015 на терените на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини извори“.

 

На средбата се зборуваше за стекнатите впечатоци но и за постигнатиот успех на натпреварот.

 

На Купот земаа учество 112 екипи од 8 држави, а натпреварите се одржуваа на два терени, на вештачка и на природна трева. Учествуваа вкупно 77 фудбалери на ОФС Гази Баба, од генерација 2002 – 2007.

 

Фудбалерите на ОФС Гази Баба му се заблагодарија на градоначалникот за големата поддршка и во знак на почит му го подарија пехарот од натпреварот за добиеното 3 место.

 

За најдобар стрелец од генерација 2002 беше прогласен фудбалерот Леонид Игнатов.

 

Градоначалникот им упати честитки за успехот и порача да продолжат да се занимаваат со спорт и дека искрено се надева дека меѓу нив има некој иден успешен репрезентативец.

 


26.08.2015

 

 

 

Běžecké tretry Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree