Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Уште една успешна сезона на маратонецот Александар Илиевски

Уште една успешна сезона на маратонецот Александар Илиевски


 

Градоначалникот Тони Трајковски го прими во својот кабинет маратонскиот пливач Александар Илиевски, кој имаше успешна пливачка сезона.

 

Оваа година Александар на Светската Гранд При листа го освои 10-тото место, претставувајќи ја Pепублика Македонија пливајќи на маратоните во Аргентина, Канада, Охрид и Капри. Тој исто така на маратонската трка на Велешкото езеро го освои првото место.

 

Еден од клучните фактори за успехот на Илиевски, покрај ентузијазмот, желбата и напорните секојдневни тренинзи за се повисоки резултати, многу значајна беше и поддршката која му ја дадоа општина Гази Баба и компаниите „Кенди“ Дооел и „Вардарградба“ од Скопје.

 

На листата на ФИНА Гранд При помеѓу првите десет се наоѓаат тројца македонци: Евгениј Поп Ацев - прв, Томи Стефановски - деветти и Александар Илиевски - десетти, кои гордо и достоинствено ја претставуваат Република Македонија во светот.

 


09.09.2015

 

 

 

Trava Mista Cano Alto

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree