Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Вклучување во утринската програма на МРТ

Вклучување во утринската програма на МРТ


 

Градоначалникот Тони Трајковски имаше директно вклучување во Утринската програма на МРТ „Македонија наутро“, каде зборуваше за пуштањето на фудбалскиот тренинг камп на ФК Вардар, инвестиција вредна околу 4 милиони евра, за активностите кои во моментот се реализираат и следната година ќе се реализираат со градот Скопје – изградба на пешачкиот мост над булеварот „Александар Македонски“, кој ќе ги поврзува населбите Инџиково и Хиподром, проширување на улицата „Благоја Стефковски“, а следната година продолжува изградба на кружниот тек помеѓу улиците „16 Македонска бригада“ и „Коце Металец“, проширување на улицата „Маџари“ во Ченто, а исто така и продолжување на заедничките активностите околу изградбата на комуналната инфраструктура – изградба на фекални канализации на потегот од Трубарево кон Идризово, од Црешево кон Смилковци, подобрување на водоводната мрежа во урбаниот дел, подобрување на патната инфраструктура и други проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните во Гази Баба.

 

За следната година градоначалникот најави голем број на проекти кои ќе се вклучат во Буџетот на општината, а се однесуваат на подобрување на комуналната и патната инфраструктура, побезбеден пристап на пешаците покрај коловозите, заштита на животната средина и уште многу други активности.

 

Голем акцент за следната година ќе се стави на подобрување на условите во училиштата и градинките, а исто така и на зголемување на капацитетите на градинките.

 

За следната година градоначалникот Трајковски најави изградба на ново основно училиште „Вера Јоциќ“ во н. Хиподром, за кое Владата на Република Македонија донесе Одлука на една од нејзините седници.

 


23.11.2015

adidas Yeezy Boost 350

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree