Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Започна акција за уредување на парк шумата Гази Баба

Започна акција за уредување на парк шумата Гази Баба


 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски и градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити денеска (24.02.2015 година) го означија почетокот на големата акција за уредување на парк-шумата Гази Баба, во делот што гравитира кон општина Чаир.

 

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ја расчистуваат дивоизраснатата вегетација кај игралиштата во близина на куќите, ќе кастрат гранки, ќе ги сечат и отстрануваат старите и суви дрвја, ќе ја косат тревата и ќе се отстрани сметот.

 

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните денови ќе изградат нова трим патека, која што ќе се протега од Природно-математичкиот факултет кон населбата Железара, од страната на општина Чаир. Патеката ќе биде долга 1.100 метри, а широка од 2,6 до 3 метри, во зависност од условите на теренот и ќе биде покриена со бела ризла. Во овој дел ќе се постават клупи и корпи за отпадоци, ќе се уредат и три пункта со фитнес реквизити, видиковци, игралишта за деца и фонтана за пиење вода. Дополнително, покрај куќите, ќе се уреди и уште една трим-патека со должина од околу 600 метри, која што ќе биде осветлена.

 

Општина Гази Баба во уредувањето на овој дел од парк-шумата „Гази Баба“ ќе се вклучи во делот на уредувањето на теренот со сезонските работници од ЈКП Гази Баба.

 

Градот Скопје во соработка со Гази Баба и општина Чаир, се во подготовка на закон, со кој парк шумата Гази Баба ќе се прогласи за Парк на природата.

 

Градоначалникот Трајковски го нагласи значењето на парк-шумата Гази Баба и апелираше до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема на јавните површини.

 


24.02.2015

 

 

 

Pánské oblečení

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree