Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Започна изградбата на клучката кај Смилковци

Започна изградбата на клучката кај Смилковци


 

Проектот кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, изградба на клучка кај Смилковци, започна со својата реализација. На почетокот на изградбата на овој објект присуствуваа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, директорот на Агенцијата за државни патишта, Бладо Мисајловски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на Совет, Милан Андоновски, пратеничката Олга најденовска и жители одоколните населени места.За овој Проект предвидени се средства во висина од 40 милиони денари, а работите се очекува да се завршат за една година. Со изградбата на оваа клучка се овозможува побрз и побезбеден транспорт на околу 8000 жители од пет населени места кои гравитираат околу овој дел од општината и ќе се овозможи развој на овој дел од Гази баба. Изградбата на оваа клучка е по иницијатива на жителите од населените места Смилковци, Виниче, Црешево, Булачани и Раштак на градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски, поддржана од пратениците во Собранието на РМ.

 

Општина Гази Баба околу обиколницата има урбанизирано околу 70 ха за спорт и рекреација, изградба на хотелски комплекси, деловни комплекси, изгрдаба на авто камп и во следниот период ќе се стартува со објави за продажба на градежно земјиште, каде што се очекува да се јават потенцијални инвеститори.

 


03.03.2015

 

 

 

Patike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree