Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

2. Книжевна манифестација „ЕСЕН ВО ГАЗИ БАБА“

 

Општина Гази Баба, како генерален покровител, со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и ООУ „Григор Прличев“ како постојан домаќин на 2. Книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“, по повод Денот на Општината 3 Ноември, го објавува традиционалниот Конкурс за основните училишта од територијата на Општината на тема:

 

„Есеј во есен“

(Конкурсот „Есеј во есен“ не се именува тематски, туку поради сродноста на зборовите по звучност, со употреба на стилската фигура параномазија што подразбира значенско зближување на формално слични зборови.)

 

Насока:

Оваа година, во чест на знаменитиот Григор Прличев и поставувањето на мега-уметничката слика во холот на училиштето-домаќин со мотиви од неговата биографија, Советот на манифестацијата одлучи есеите да му битат посветени на големиот поет-лавроносец, а темата е:

 

Прличев и Сердарот во мојот есеј

 

Историјат на есејот:

За разлика од другите книжевни видови, за есејот се знае дека се се појавил во март 1571 г., од тогаш младиот, но идниот голем француски писател Мишел де Монтен (1533 - 1592), кој почнал да објавува есеи, а четврт век подоцна, во Англија и Францис Бекон (1561 - 1626), се огласил со прекрасни есеи. Во 1603 г., во Англија, се превеле и есеите на Монтен. Така се создавал нов книжевен вид кој во текот на столетијата добивал автентична форма именувана како - есеј. Но оној на Монтен е најтипичен и со сите тематските предизвици: вистината, слободата, омразата, соништата, учтивоста и животот, воопшто, применувајќи ги расположливите средства: кратка реченица, полетни и звучни зборови, цитати, алузии, психолошки нијанси, духовитост, хумор, фантазија, лирика.

 

Пропозиции:

- На конкурсот можат да учествуваат ученици од петто до деветто одделение од основните училишта од Општина Гази Баба

- Есеите да не бидат покуси од 700, а ни подолги од 1000 зборови, а се доставуваат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на адреса: Општина Гази Баба ул. Архимедова број 2 - Скопје, со назнака: конкурс „Есеј во есен“, најдоцна до 20 октомври 2016 г.

- Најдобрите млади есеисти, избрани од стручно жири, ќе добијат дипломи и ќе учествуваат на 2.Книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“ што ќе се одржи на 01.11.2016 г. во ООУ „Григор Прличев“ во нас. Железарница и во Националниот парк-шума „Гази Баба“.

- Тројца најдобри учесници, со своите ментори, (вкупно шест), ќе бидат наградени со гостување на традиционалниот поетски фестивал „Детски лирски треперења“ во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во јуни 2016 г. во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид, каде што ќе добијат и дипломи за учество на државно ниво, важечки при уписи во средни училишта и добивање стипендии. (Сојузот го покрива престојот, а патните трошоци за ученикот и наставникот училиштето) Наградените ќе другаруваат со млади поети од други места и градови и со познати автори за деца и млади, а нивните есеи ќе бидат објавени и во алманахот на Фестивалот.

 

Во Скопје, септември 2016 г.

 

(Координатор на 2.Книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“ е писателот Горјан Петревски)

 

 

 


12.10.2016

 

>

 

 

 

Shop Sneakers in Footwear

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree