Активности по повод детската недела во градинките
Во рамките на Манифестациите кои се одржуваат секоја прва недела во месец Октомври - ДЕТСКА НЕДЕЛА, посветени на децата, во двете Јавни Установи за деца „25 Мај“ и „Детска радост“ кои се наоѓаат на територија на Општина Гази Баба во периодот од 03.10. до 07.10.2016 година предвидени се бројни активности на разни теми меѓу кои, Правата на детето презентирани преку игра, изработка на групен цртеж на тема „Правата на детето“, гости во градинките – дружење со родителите, донирај за своето другарче- хуманитарна акција, театарска претстава „Убавата принцеза Галена“ и слично.
Во текот на целата недела ќе се спроведува Хуманитарната акција од дете за дете – „Подај рака"(сликовници, играчки,обувки, облека).
04.10.2016
adidas trefoil hoodie singapore free online