Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Асфалтирање на улица „Алија Авдовиќ“

 

Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски беа во работна посета на н.Сингелиќ, каде во завршна фаза е реализирање на проектот за асфалтирање на улицата Алија Авдовиќ, со поставување на завршниот слој на асфалт.

Оваа е 10-та асфалтирана улица по поплавите, инаку досега се асфалтирани улици во должина од 8000 м2 а тампонирани се околу 80 000 илјади м2 во сите населени места кои беа зафатени со невремето.

До крајот на денот ќе бидат асфалтирани 5000 м2 од улицата Алија Авдовиќ која ја користат жителте од населените места Сингелииќ, Стајковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Смилковци, Булачан и Раштак.

Ова е проект кој се рализира во соработка со Владата на Р.М, односно со средства од Агенцијата за рурален развој и земјоделие. Останатите улици кои се асфалтирани во населените места Сингелиќ и Стајковци се со поддршка на градот Скопје.

Вредноста на проектот изнесува 16.000.000,00 денари од кои 11.000.000,00 денари од Агенцијата за рурален развој и земјоделие, а 5.000.000,00 денари од општина Гази Баба.

Пред асфалтирањето на улицата се направи и комплетна атмосферска канализација во должина од околу 800 м која го решава проблемот со атмосферските води, кои ќе се одведуваат во каналот со што ќе се придонсе во иднина улицата да има поголема трајност без собирање на вода на истата.

На улицата од едната страна ќе биде направен и тротоар од павер елементи во должина од 800 м.

Во следниот период општина Гази Баба со поддршка од Владата на РМ и Град Скопје ќе продолжи со проекти за санација и асфалтирање на улиците онаму каде е потребно, како и нормализирање на состојбата после поплавата.

Инфраструктурата во општината после реализиацијата на проектите ќе биде во многу подобра состојба отколку онаа пред поплавата, каде што асфалтирање на улиците ќе се направи и на оние улици кои во минатото не беа.


24.09.2016

 

 

 

 

Nike Air Force 1 07 LV8 Utility White AJ7747-100 Shoes for Sale – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree