Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Атлетска трка „23-ти Октомври“

 

Во парк шумата Гази Баба по втор пат се одржа атлетската трка „23 октомври“,која се организира по повод одбележување на Денот на македонската револуционерна борба и по повод претстојниот Ден на општина Гази Баба – 3-ти ноември.

Организатор на овој спортски настан е општина Гази Баба заедно со град Скопје и атлетското здружение „23-ти октомври“. Трката беше поделена на два дела, рекреативна трка на 5 км и полумаратонска трка на 21 км.

Овој спортски настан е со цел да се промовира парк шумата Гази Баба како идеална локација за разни спортски активности и рекреација , како и граѓаните повеќе да се запознаат со нејзините предности и убавини.

Во рекреативната трка на 5 км, медали и подароци од спонзорите добија: во машка категорија: 1 место- Никола Гелов, 2 место- Гоце Ангелов, 3 место- Дарко Поп Ацев, 4 место - Игор Стојановски, 5 место- Ѓорѓи Богоевски, додека пак победници во женска категорија се: 1 место- Викторија Тодоровска, 2 место- Марија Димевска, 3 место- Брук Филиповски, 4 место- Викторија Јовановска , 5 место- Ана Цветановска.

Во полумаратонската трка на 21км , медали,подароци од спонзорите и парични награди во машка категорија добија : 1 место- Музахид Мислимоски- 4000 денари, 2 место- Атанас Анчевски -3000 денари, 3 место- Игор Станојевиќ- 2000 денари, 4 место- Игор Јакимовски -1000 денари, 5 место- Трпе Мартиновски- 1000 денари, додека пак победници во женска категорија се: 1 место- Адријана Поп Арсова- 4000 денари, 2 место- Виолета Ивановиќ- 3000 денари, 3 место- Морвен Меклин- 2000 денари, 4 место- Јона Бергал- 1000 денари, 5 место- Ивана Герчакова- 1000 денари.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски присуствуваа на настанот и на победниците им ги врачија наградите и им честитаа за успехот .


23.10.2016

 

 

 

 

NIKE AIR HUARACHE

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree