Атмосферска канализација во Триангла
Градоначалникот Тони Трајковски, Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, беа во работна посета на н. Триангла каде е во завршна фаза изградбата на атмосферската канализација, односно при крај е вториот дел од нејзината изградба.
Во првиот дел се изгради еден километар атмосферска канализација, а наскоро ќе бидат завршени уште 1,2 километри. Вкупната вредност на првата и втората фаза е околу 16,5 милиони денари, од кои половина ги обезбеди општина Гази Баба, а другата половина Владата на Република Македонија.
Со реализацијата на овој проект, ќе биде решен долгогодишниот проблем на жителите од оваа населба со атмосферските води.
15.10.2016
Girls Nike Air Force 1 Shadow White Sail Stone Atomic Pink CZ8107-100 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers