Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Ден на дрво во Гази Баба

 

Градоначалникот Тони Трајковски беше на прес-конференција заедно со Градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП „Македонски шуми", Жарко Караџовски, претставници од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засадија ја својата иднина", градоначалниците на скопските општини и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје на која беа презентирани деталите за акцијата „Ден на дрво", што ќе се одржува на 30.11.2016 година (среда) на територијата на целата држава.

Во општина Гази Баба во сите градинките, основни училишта ќе се засадуваат дрвца, во парковите, пред зградите а градоначалникот ќе биде присутен на следните локации, во 9.30 часот во објектот Темјанушка во н.Автокоманда, во 11.00 часот кај кружниот тек во Железара и во 12.00 часот во Брњарци, заедно со општинската администрација, каде ќе се засадат околу 12.000 висококвалитетни садници обезбедени од ЈП „Македонски шуми" и „Паркови и зеленило". Дел од садниците ќе им бидат доделени и на граѓани, односно домаќинства. Оваа граѓанска акција е со цел да се намали загадувањето на воздухот.

На територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници, од кои дел ќе се засадат на просторот околу обиколницата.


29.11.2016

 

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree