Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Ден на дрвото - „Засади ја својата иднина“

 

По повод Денот на дрвото по деветти пат се организираше акцијата „Засади ја својата иднина“, каде се приклучи и општина Гази Баба, заедно со општинската администрација и граѓаните од Гази Баба.

Во сите градинки и основни училишта во општината и во парковите се засадија дрвца , се со една главна цел, да се намали загадувањето на воздухот и да се овозможат поквалитетни услови за живеење.

Градоначалникот Тони Трајковски го посети објектот „Темјанушка“ во н.Автокоманда, каде ја проследи претставата од најмалите за испраќање на есента и пристигнување на зимата, а потоа заедно со дечињата и вработените засадуваше дрвца во дворот на градинката.

Заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, се приклучи кон акцијата на засадување на 100 високо калемени дрвца кај кружниот тек во н.Железара.

По повод одбележување на овој ден, градоначалникот со вработените во општинската администрација беше во н.м Брњарци, каде на површина од 20 хектари започна садењето на околу 80.000 садници, обезбедени од „Македонски шуми“, кои ќе се засадуваат и во наредните денови.

Во својата изјава градоначалникот нагласи дека со оваа акција посебен акцент се става и на урбаниот дел, каде е предвидено да се засадат околу 45.000 садници.

Сите заинтересирани граѓани можат да се јават во месните и урбаните заедници и да си подигнат садници за во своите дворови или за пред зградите, а со тоа и грижата околу одржувањето на садниците би била поголема.


30.11.2016

 

 

 

 

Sneakers Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree