Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Дипломи и плакети за најдобрите во ПП квизот

 

Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба по 32-ри пат под покровителство на општина Гази Баба го организираше општинскиот противпожарен квиз, кој беше наменет за учениците од основните и средните училишта од подрачјето на општината, кој се одржа во основното училиште „Крум Тошев“ во н.м. Трубарево.

Натпреварите се одвиваа во две категории, кадети – за учениците до седмо одделение од основните училишта и јуниори – за учениците од осмо одделение и учениците од средните училишта. Првопласираните во категорија кадети, ОУ „Григор Прличев“ од н.Железара, учествуваа на Републичкиот натпревар каде го освоија првото место.

Градоначалникот Тони Трајковски ги прими членовите на екипите од овие училишта и наградените ученици на градскиот натпревар за најубави ликовни и литературни творби, на кои им додели дипломи и плакети.

За поддршката и успешната соработка на општина Гази Баба со ППС Гази Баба, претседателот на ППС, Миливоје Игњатовиќ, на градоначалникот му подари симболичен подарок во знак на благодарност.


22.12.2016

 

 

 

 

Air Max 270 Men

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree