Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Корисниците од Дневниот центар за стари лица на Свечена Академија Св.Мајка Тереза

 

Kорисниците на,,Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови"- Маџари заедно со социјалниот работник а на покана на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозовски факултет ја проследија Свечената Академија по повод прогласување на Св. Мајка Тереза за светица.

Оваа Академија беше организирана во рамките на Недела посветена на светицата која се одбележува од 05 - 11 Септември.

На присутните се обратија Проф.д-р. Валентина Божиновска директор на Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи, Проф.д-р.Јован Пејковски раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика како и др.еминентни имиња.

Академијата ја организираше Институтот за социјална работа и социјална политика кој го носи името Мајка Тереза. Меѓу другото се проследи и документарен филм за Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза светицата од Калкута која својот живот го посвети на космополитско помагање и соединување на народите.


16.09.2016

 

Nike Air Max 270

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree