Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Квиз по противпожарна заштита – Гази Баба

 

Во ООУ„Крум Тошев“ по 32-ви пат се одржа квизот по противпожарна заштита во кој учествуваа ученици од основните и средните училишта од општината. Овој натпревар е под покровителство на општина Гази Баба , во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба.

Присутните гости ги поздравија претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Миливоје Игњатовиќ, директорката на училиштето Александра Петковска Анастасов и градоначалникот Тони Трајковски кој воедно го отвори настанот.

Натпреварите се одвиваа во две категории, кадети – за учениците до седмо одделение од основните училишта и јуниори – за учениците од осмо одделение и учениците од средните училишта.

По завршувањето на натпреварот, награди освоија:

Категорија кадети

I место ООУ „Григор Прличев“

II место ООУ „Вера Јоциќ“

III место ООУ „Крум Тошев“

 

Категорија јуниори

I место АСУЦ „Боро Петрушевски“

II место ООУ „Вера Јоциќ“

III место СЕТУГС „Михајло Пупин“


18.11.2016

 

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree