Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Литературната манифестација „Есен во Гази Баба"

 

Во пресрет на Денот на општина Гази Баба 3-ти ноември, во основното училиште „Григор Прличев" традиционално по вторпат се одржа литературната манифестација „Есен во Гази Баба", која беше организирана од училиштето, Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија, со поддршка од општина Гази Баба.

За оваа манифестацијата беше објавен литературен конкурс на тема " Григор Прличев и Сердарот во мојот есеј", каде учествуваа ученици од сите основни училишта од општината.

На денешниот настан се прогласија петте најдобри ученици, кои од Сојузот за грижа и воспитување на децата беа наградени со книга и благодарница и посета на манифестацијата „Детски лирски треперања" која се одржува во градот Охрид.

Наградени ученици беа Тамара Глаткова од „Григор Прличев", Владимир Грујоски од „Дане Крапчев", Суада Имери од ПУ „Кирил и Методиј" од Страчинци, Марија Филипова од „Наум Наумовски Борче" и Фиона Христовска од „Григор Прличев".

По прогласувањето на наградените ученици, познати писатели за деца и млади имаа свое обраќање пред присутните гости.

На настанот пред присутните гости се обрати и градоначалникот Тони Трајковски кој заедно со директорката на основното училиште „Григор Прличев", Сузана Танева и претставникот од Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија, Горјан Петрески, засадија дрвца во поетската шума „Сердарот", во дворот на основото училиште.

На денешниот настан беше претставена и големата уметничка слика со мотиви од животот и тврештвото на Григор Прличев која е поставена на еден од ѕидовите во холот на училиштето, овозможена со донација од г-динот Јовица Андонов, а насликана од уметникот Анета Божинова.

Пораката од оваа манифестација е да се негува македонскиот литературен збор и да се инспирираат учениците повеќе да творат и да ја развиваат својата мисла.

По завршувањето на настанот, сите учесници се упатија во Парк шумата Гази Баба, каде направија прошетка и се запознаа со убавините на овој дел од општина Гази Баба.


28.10.2016

 

 

 

 

nike mercurial x victory 6 golden color paint code

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree