Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Михаил Јорданов државен првак во шах

 

Градоначалникот Тони Трајковски го прими во својот кабинет Михаил Јорданов, ученик во седмо одделение во ООУ „Стив Наумов“, кој е државен првак во шах на Р.М. за млади во категорија до 12 год. за 2016 год.

Михаил со шах се занимава од својата седма година. Член е на Ш.К. Алкалоид - Скопје и работи под директно менторство на I.M. Дејан Стојановски.

Во досегашниот период има постигнато значителни резултати како во земјава така и надвор од неа:

Учесник на Европското младинско првенство 2016 во шах кое се одржа во Прага - Р. Чешка.

Победник на меѓународниот турнир во шах "Основац на потегу" Ниш- Р.Србија 2016 год.

Првак на Општина Гази Баба во училишен шах одржан во април 2016 год.

Учесник на меѓународниот турнир "Open Makedonija" 2016, каде освои прво место за млади играчи со рејтинг до 1800 .

Второ место до 12 год. на меѓународниот турнир "Ласкер" Охрид 2016 год.

Вице првак во шах за млади до 12 год. 2015 год.

Учесник на Европското младинско првенство во шах одржано во Пореч - Р. Хрватска.

Освојувач е на повеќе сребрени и бронзени медали од 2010 до 2016год.

Градоначалникот разговараше со Михаил и неговиот татко за секојдневните активности и обврски кон училиштето, за неговите обврски околу изучувањето и вежбањето на техниката на играње шах и за проблемите на кои наидуваат индивидуалните спортисти околу финансирањето за настапи на турнири надвор од државата, кои се многу важни и во стекнување на искуство и во освојување на бодови за подобар пласман.

Секој спортист од општината кој покажува добри резултати на државно и меѓународно ниво, во изминатите години голема помош има од градоначалникот, кој истото ќе продолжи да го прави и во иднина.

Поддршката од општината и резултатите кои доаѓаат од спортистите, нека бидат еден поттик повеќе за вклучување на бизнис заедницата во помагање на индивидуалниот спорт, каде се покажуваат големи резултати, а воедно и промоција на општината и Република Македонија.


21.10.2016

 

 

 

 

Air Jordan 1 Retro High OG Wmns "Panda" CD0461-007 Women/Men Super Deals, Price: $98.03 - Air Jordan Shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree