Нови пешачки патеки во Гази Баба
Општина Гази Баба изгради нови пешачки патеки во населба Автокоманда, во рамките на УГД Гоце Делчев, кај факултетот за Туризам и бизнис логистика.
Патеките се со површина од 200м2 и просечна ширина од околу 1.60 m, обложени со рабници и посипани со ситна ризла а ЈКП Гази Баба 2007 постави и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци.
Исто така во населбата Автокоманда на улицата Трифун Хаџи Јанев беа изградени и пешачки патеки од павер елементи со површина од 200 m2.
Од Буџетот на општина Гази Баба за пешачките патеки во рамките на УГД Гоце Делчев беа издвоени 191.969,00 денари а за пешачките патеки на улица Трифун Хаџијанев беа издвоени 237.343,00 денари. Фирма изведувач на активностите беше РМК Градба АС Дооел.
13.10.2016
Nike