Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Предновогодишен фудбалски турнир "Спортуваме - среќни сме"

 

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на финалните натпревари меѓу фудбалските екипи кои се членови на ОФС Гази Баба, ФК Нова Колонија и ФК Вардар генерација 2007 година и меѓу ФК Скупи и ФК Смилковци, генерација 2006 година на предновогодишниот турнир "Спортуваме среќни сме" кој по трет пат се одржа во спортската сала Методија Андонов Ченто во н. Триангла.

Спортскиот настан е под покровителство на општина Гази Баба а во организација на ОФС Гази Баба.

На турнирот градоначалникот ги поздрави присутните гости и учесници и им посака да продолжат да спортуваат и во иднина да станат врвни репрезентативци. Околу 290 деца односно 24 екипи три дена другаруваа и се натпреваруваа.

Пехари и дипломи за најдобри екипи за генерација 2007 добија, за третто место ФК Фортуна 2009, второ место ФК Вардар и првото место им припадна на ФК Нова Колонија.

За најдобар стрелец диплома доби Грашевски Александар, за најдобар играч Емир Шаботин, за најдобар голман диплома доби Лука Јаневски и за најперспективен играч, Мирсад Ибраими.

Пехари и дипломи за најдобри екипи за генерација 2006 добија следните, за третто освоено место ФК Вардар, второ место ФК Смилковци 2011 и прво место за ФК Скупи.

За најдобар стрелец диплома доби Александар Трајковски, за најдобар играч Алтин Алиу, за најдобар голман диплома доби Андреј Данстаг и за најперспективен играч, Дарко Сековски. Во предновогодишното спортско расположение пакетчиња им беа поделени на сите учесници на турнирот.

Настанот медиумски беше подржан од Спортско радио 90.3mhz и ТВ Сител.


25.12.2016

 

 

 

 

Nike Air Jordan 1 Retro

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree