Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Одржана 52-та седница на Советот на Гази Баба

 

На 52-та седница на Советот на општина Гази Баба, членовите на Советот ги усвоија сите предложени точки на Дневниот ред.

На дневен ред беа ставени Предлог –Заклучоците за усвојување на извештаите за работењето на основните училишта од подрачјето на општина Гази Баба, Предлог-одлуките за донесување на програмите за работа на сите ООУ од подрачјето на Гази Баба 2016 година, Предлог-Програмата за изменување на Програмата за урбано планирање ''Ф'', на подрачјето на Општина Гази Баба за 2016 година, Предлог - Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на локалните улици и патишта како и Предлог – Одлуката за изменување и доплнување на Буџетот на општина Гази Баба за 2016 година.

Советот на Гази Баба исто така ги усвои и Предлог-Одлуката за изменување на Одлуката за примање на донации и Предлог-Одлуката за распределба и наменско користење на финансиските средства примени по основ на донации, за ублажување на последиците од елементарната непогода на ден 06.08.2016 година.


30.09.2016

 

Calzado Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree