Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба го прослави 40-от роденден

 

Во Музејот на Македонската Револуционерна борба со богата програма и многубројни посетители се одбележа 40-годишнината на општина Гази Баба.

Градоначалникот Тони Трајковски се обрати пред присутните и во својот говор направи ретроспектива за развојот на општина Гази Баба во изминатите 40 години, проекти кои се завршени со цел подобрување на условите за живот на граѓаните, проекти кои се во тек и кои ќе се реализираат во иднина.

Тој упати и голема благодарност до сите кои со својот ангажман помогнаа за полесно да се надмине кризниот период кој го зафати подрачјето на општината во месец август 2016.

На сите оние кои први пристигнаа со помош и поддршка на жителите за време на елементарната непогода и учествуваа во санирањето на последиците од поплавите им беа врачени благодарници: Влада на Р. Македонија, Армија на Р.Македонија, Министерство за внатрешни работи, Црвен крст на Р.Македонија, Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Здравствен дом Скопје-служба за итна медицинска помош и Министерство за транспорт и врски.

Општина Гази Баба ќе им додели благодарници и на сите оние кои не себично се вклучија и помогнаа во надминување на кризниот период.

Статуетка „Големата Мајка" симболот на Гази Баба, градоначалникот му додели и на првиот градоначалник на општина Гази Баба, Методија Гочевски.

За постигнати резултати во повеќе области, за соработка, за афирмација на општината, за хуманост, за врвни резултати постигнати во својата област, петта година по ред ја доделуваме наградата „Големата мајка" која и оваа година беше доделена на најдобрите.

Наградата од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата ја доби Пакомак-друштво за управување со пакување и отпад од пакување, додека пак наградата за постигнати резултати од областа на спортот ја доби истакнат спортски работник Ахмедин Марукиќ.

Во категоријата за постигнати резултати од невладиниот сектор беше награден Кризниот центар Надеж со плакета и статуетка „Големата Мајка".

За постигнати резултати во областа на уметноста и културата наградата ја доби музичкиот уметник Стојанче Костовски.

Од областа на образование и воспитание како институција наградата припадна на ООУ „Наум Охридски", а наградата за образование и воспитание од наставнички кадар ја доби одделенскиот наставник Тања Метикош од ООУ „Дане Крапчев".

Од областа на стопанството награда доби фирмата "Пивара" АД Скопје, од областа на здравството награден со плакета и статуетка „Големата Мајка" беше Д-р Борислав Илиев, ортопедски хирург, и наградата за наука му беше доделена на академик Живко Попов, врвен уролог и основоположник на Центарот за трансплантација на бубрези.

Во музичката програма учествуваа оперската певица Александра Коцевска, хорот Хераклеа под водство на Јасмина Ѓоргеска, и мандолински оркестар на МКЦ под водство на професорот Ванчо Јовчев.


04.11.2016

 

 

 

 

Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree