Патронат на ООУ„Стив Наумов"
Основното училиште „Стив Наумов" од н.Автокоманда го прослави својот патронен празник.
По тој повод учениците со помош на нивните наставници подготвија богата програма со која се претставија пред многубројните гости.
По повод патронатот училиштето имаше објавено конкурс „Живееме,твориме во слобода" за ликовни и литературни творби каде на најуспешните ученици им беа доделени дипломи.
Градоначалникот Тони Трајковски ги поздрави присутните гости, наставници и ученици, им го честиташе 68-от роденден на училиштето и им посака успешна учебна година.
21.10.2016
Air Jordan